Отказ за синдикалниот лидер на новинарите

Тамара Чаусидис

На претседателката на Независниот синдикат на новинари и медиумски работници Тамара Чаусидис, вчера и бил прекинат работниот однос во телевизијата „Алсат“ каде што работеше како новинар. Од „Алсат“ и го прекиналe работниот однос врз основа на нејзиниот договор за работа кој содржал и нејзин потпис за спогодбен отказ.
Работниците во Македонија се злоупотребени да стават потпис врз својот отказ, па ако може вакво нешто да се случи со претседателот на новинарскиот Синдикат, што останува за членовите, изјави Чаусидис.
За случајот реагираа и од Здружението на новинари , од каде порачуваат новинарите да не се обесхрабруваат. Од ЗНМ порачаа главните и одговорни уредници да ги заштитат своите вработени.
И од Македонскиот институт за медиуми изразија поддршката за Синдикатот и го осудија ваквиот атак врз правата и слободите на новинарите.