Кризен состанок на британската влада за немирите

Лондон

Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе претседава на денешниот кризен состанок на неговиот кабинет за најголемите улични насилства во земјата во последниве децении. Со насилства вчера беа зафатени делови на Лондон, Бирмингем, Бристол и Ливерпул. Полицијата соопшти дека уапсила над 330 луѓе во Лондон и околу 100 во Бирмингем кои се судриле со полицијата која интеревенирала за да го спречи ограбувањето. Некои од учесниците на нередите велат дека биле револтирани од кратењето на социјалните услуги. Нередите почнаа пред три дена во Лондон по протестите поради тоа што полицијата убила еден човек во Тотехем.