Американскиот екс секретар за одбрана Рамсфелд на суд?

Доналд Рамсфелд

Американски суд дозволи двајца американци кои обвинија дека биле малтретирани во затвор во Ирак да можат да го тужат поранешниот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд. Доналд Венс и Нејтан Иртел обвинија дека биле затворени од американската војска откако известиле за илегалните активнсоти на една приватна безбедносна компанија која работела за армијата. Тие велат дека лично секретарот Рамсфелд го наредил нивното малтретирање.