Американците ќе притиснат во војната во Авганистан

Претседателот Барак Обама вети дека Соединетите држави ќе ги зголемат напорите поврзани со американската мисија во Авганистан. Тој ова го изјави во врска со убиството на 30 американски војници кога нивниот хеликоптер беше соборен од талибанските милитанти. ,,Американските војници ќе ја продложат работата на зацврстување на позијцијата на авганистанската влада со цел таа земја да не биде безбедна за терористите,, изјави Обама.