САД повикаа на преиспитување на одлуката за апсење на Тимошенко

Соединетите држави уште еднаш ги повикаа властите во Украина да ја преиспитаат одлуката за апсење на поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека украинските власти би требало да ја разгледаат можноста и за нејзино итно ослободување од притвор, бидејќи постојат сомневања дека станува збор за политички мотивиран процес. Вчера судот во Киев одби да ја пушти од притвор Тимошенко која е осомничена за злоупотреба на функцијата во врска со договорите за испорака на руска нафата на Украина во 2009 година.