Рекорден влез на странски инвестиции во Албанија

Во Албанија минатата година е забележан рекорден влез на директни странски инвестиции, во износ од 1,1 милијарда американски долари, јави МИА. Ова ниво на странски инвестиции претставува 36,7 отсто од Бруто домашниот производ.
Позитивниот тренд на странски инвестиции забележан лани се чини нема да продолжи и годинава. Во првото тромесечие од годинава растот на странските инвестиции во Албанија расте, но во истовреме видно пораснал одливот на капитал надвор од земјата. Тоа условува намалување на нето директните странски инвестиции.
Премиерот Сали Бериша изјави дека во последните четири години Албанија забележала четири милијарди долари директни странски инвестиции.