Шефот на германската дипломатија во балканска турнеја

Гвидо Вестервеле

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле со денешната посета на Црна Гора, ја почнува балканската турнеја, во чии рамки ќе престојува и во Хрватска и во Косово. Тој во Подгорица ќе се сретне со својот црногорски колега Милан Рочен, а ќе биде примен и од премиерот Игор Лукшиќ.