ЕУ -Да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина

Европската унија е задоволна од спогодбата меѓу Белград и Приштина со КФОР за привремено смирување на кризата на северот на Косово и дава потполна доверба на делувањето на КФОР за спогодбата да се спроведе во дело.
„Нужно е властите во Белград и Приштина да направат се што е во нивна моќ за целосно да ја смират затегнатоста и, меѓу другото, да се отстранат барикадите на северот на Косово, што е дел од спогодбата, изјави Мајкл Мен, првиот портпарол на високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон.
Ставот на ЕУ е дека се мора да биде сторено за претствниците на Белград и Приштина, кон средината на септември, повторно му се вратат на дијалогот, со „услугите на добра волја на ЕУ“, како рамка за решавање на отворените прашања, нагласи портпаролот Мен.