Тимошенко- Ќе успеам во борбата со режимот

Подржувачите на Тимошенко пред судот во Киев

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска изјави дека е оптимист и верува дека нејзината борба ќе биде успешна. Таа верува дека ќе успее во нејзината борба против режимот.
Украинскиот суд денеска го одби барањето на нејзините адвокати да биде ослободена од притвор. Илјадници нејзини подржувачи се собраа и денеска пред судот во Киев, каде што на Тимошенко и се суди за злоупотреба на функцијата во врска со договорите со Русија за увоз на гас во 2009-та година. Таа беше ставена во притвор во петокот откако одби да соработува со судијата, нарекувајки го марионета на претседателот Виктор Јанукович. Соединетите Држави и Европската Унија го критикуваа затворањето на Тимошенко.
.