Русија целосно ја укина забраната за увоз на зеленчук од ЕУ

Русија ќе ја укине забраната за увоз на зеленчук од пет земји членки на ЕУ, воведена на почетокот на јуни за да се сопре ширењето на бактеријата Ешерихија коли, наведуваат руските власти. Со укинување на забраната, почнувајќи од утре во Русија ќе се увезува зеленчук од Германија, Естонија, Латвија, Литванија и Словенија. Претходно Русија ја укина забраната за увоз од другите земји од ЕУ. Од појавата на бактеријата во Европа загинаа 52-ца луѓе, а повеќе од 4.300 се заразени. Земјите членки на ЕУ во Русија извезуваат речиси една четвртина од своето производство на зеленчук.