Турција- налог за апсење на седум турски генерали

Турскиот суд издал налог да се уапсат седум генерали и адмирали во врска со случајот за соборување на владата, јавуваат турските медиуми. Се уште нема информации кои генерали се притворени. Воените службеници се дел од групата на 22-ца луѓе кои минатиот месец беа обвинети за заговор за соборување на владата предводена од Партијата на правдата и развојот на премиеорт Реџеп Таип Ердоган. Стотици воени офицери се веќе во притвор или се осудени поради планирање на воен удар.