Кувајт го отповика својот амбасадор од Сирија

протести во Сирија

Кувајт го отповика својот амбасадор во Сирија, откако сириските сили продолжија со крвавото задушување на анти-владините протести. Од министерството за надворешни работи на Кувајт велат дека амбасадорот го отповикуваат бидејќи „никој повеќе не може да ги прифати насилствата во Сирија“.
Вчера и Саудиска Арабија го отповика својот амбасадот од Сирија.
Сирискиот претседател Башар ал Асад за насилствата во земјата ги обвини вооружените милитанти, кои во огромен број излегоа на улиците во Сирија Од почетокот на протестите во март, досега загинале 1.700 луѓе, велат активистите за човекови права.