Србите од Косово и Србија треба меѓусебно да си помагаат

блокади на северот од Косово

Србија е секогаш зад нас и не подржува во она што го правиме, а наша обврска е да бидеме со нашата држава и тогаш кога не ни се допаѓа нешто, да ја подржуваме, бидејќи тоа е од заеднички интерес, им порача на граѓаните собрани на барикадите во северно Косово, претседателот на општина Косовска Митровица, Крстимир Пантиќ.
Претставниците на четирите општини од северно Косово, вчера во Белград имаа средба со претседателот на Србија Борис Тадиќ.
Пантиќ им пренесе на своите сограѓани дека од Тадиќ добиле подршка и гаранција дека Србија ќе ги штити, а обврска на српското население во Косово е да остане смирено и единствено. Србите од северот на Косово утре ќе одлучуваат дали ќе ги остранат барикадите кои се поставени на патиштата.