Нов политички лидер на Тибет

Лобсанг Сангај и Далај Лама

Лобсанг Сангај денеска стана нов премиер на владата на Тибет во егзил. 43-годишниот Сангај, кој никогаш не бил на Тибет, ја превзема улогата на политички лидер од Далај Лама, кој и натаму останува духовен лидер. На церемонијата во Индија, Сангај вети дека ќе го следи пристапот на Далај Лама за автономија на Тибет и оти е подготвен за преговори со кинеската влада во секое време.