Тимошенко останува во притвор

Украинскиот суд го одби барањето адвокатите на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, таа да биде ослободена од притвор. Илјадници нејзини подржувачи се собраа и денеска пред судот во Киев, каде што на Тимошенко и се суди за злоупотреба на функцијата во врска со договорите со Русија за увоз на гас во 2009-та година. Таа беше ставена во притвор во петокот откако одби да соработува со судијата, нарекувајки го марионета на претседателот Виктор Јанукович. Соединетите Држави и Европската Унија го критикуваа затворањето на Тимошенко.