Временска прогноза - Сончево и топло со умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со умерена локална облачност. Попладне, во југоисточните делови од земјата ќе има услови за краткотраен дожд со грмежи. Температурата ќе се движи од 25 до 37 степени. Во Скопје и околината, слично време со температура до 35 степени.