Гајтнер распали по Стандард и пурс

Американкиот секретар за финансии, Тимоти Гајтнер.

Американкиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер изјави дека кредитната агенција Стандард и пурс направила „ужасна проценка“ со тоа што го намали кредитниот рејтинг на САД. Во интервју за Ен-Би-Си, тој рече дека агенцијата покажала „недостаток од познавање на основите на американската фискална буџетска математика“.

Претходно, Белата куќа соопшти дека Гајтнер останува на чело на Министерството за финасии. Се сметаше дека тој ќе се повлече од функцијата откако беше зголемена границата на задолжување на САД. Од Белата куќа велат дека Претседателот побарал секретарот Гајтнер да остане на својата функција и се благодарни што Гајтнер донел таква одлука.
Гајтнер е единствениот преостанат висок функционер од оригиналниот економски тим на Обама.

Кредитната агенција Стандард и пурс во петокот го намали кредитниот рејтинг на САД од ААА на АА+, за прв пат во историјата.