Во Авганистан загинале четворица војници на НАТО

Четири војници на НАТО загинале денеска во два одвоени напади во Авганистан. Денешните напади, доаѓаат на само еден ден откакао вчера 30 американски војници загинаа во хеликоптерска несреќа во источен Авганистан. Во соопштението од НАТО се наведува дека двајца војници загинале во источниот дел на земјата, а двајца во јужниот. Од Алијансата не соопштуваат од која националност се војниците, ни на која локација точно се убиени. Со најновите жртви бројот на странски војници кои загинале годинава се искачи на 383.