Пожарите и натаму и се закануваат на Македонија

илустрација

Зголемувањето на дневните температури и засилениот ветер што за следните неколку дена ги најавува Управата за хидрометеоролошки работи се потенцијална опасност за појава на шумски пожари, предупредува Дирекцијата за заштита и спасување. За да се спречи појавата на шумски пожари, Оперативното координативно тело за заштита од шумски пожари ги потсетува граѓаните дека е воведана делумна забрана за движење во шумите, а земјоделците дека е забрането палење на стрништата. Казната за физичките лица кои ќе бидат затекнати во шума за време на забраната без посебно одобрение од корисникот или сопственикот на шумата се движи од 2.000 до 3.000 евра. За правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари казната изнесува од 15 до 20 илајди евра.
Казната за палење стрништа, плевели и други растителни отпадоци е 6.000 до 8.000 евра за правни лица и 1.500 до 3.000 евра за физички лица. Освен казната, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата.