Во најновите насилства во Сирија 29 жртви

сириски војници

Најмалку 29 луѓе загинале денеска во Сирија, во нападите на сириските трупи на два опозициски града. Активистите за човекови права велат дека 20 цивили загинале кога војниците со околу 200 тенкови упаднале во источниот град Деир ел-Зоур, за да ги задушат протестите против владата на претседателот Башар ал-Асад. Девет луѓе меѓу кои и едно дете се убиени за време на воената операција во областа Ал Хула, во близина на градот Хомс. Во меѓувреме сириските трупи продолжуваат со опсадата на градот Хама, центарот на најголемите протести против режимот на Башар ал Асад. Сириските трупи продолжуваат со воените операции, и покрај повиците на меѓународната заедница да се запре со насилството врз цивилите.