Ирак- Пет жртви при експлозија на бомба

експлозија на бомба во Киркук, 2 август 2011

Најмалку пет луѓе загинале, а девет се повредени во експлозија на бомба пред една куќа во ирачкиот град Искандарија, кој се наоѓа на 40 километри јужно од Багдад, соопшти полицијата. Во друг напад во истиот град, повреден е еден човек. А, во експлозија на бомба во градот Киркук, повреден е еден полицаец.