Ердоган најави остра политика кон Сирија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денска најави дека министерот за надворешни работи на Турција наскоро ќе отпатува во Дамаск, на сириските власти да им пренесе јасна порака дека Турција нема веќе да биде нем посматрач на настаните во Сирија.
Ердоган рече дека Турција нема веќе трпение да гледа што се случува во соседна Сирија. Министерот Ахмет Давитоглу во вторник ќе го посети Дамаск за да ја пренесе пораката на Турција. Во зависност од одговорите на Сирија, ќе уследнат нови процеси, изјави Ердоган.