Бан Ки Мун ќе го посети регионот Фукошима

Шефот на ОН Бан Ки-Mун

Шефот на ОН Бан Ки-Mун денеска е во посета на Јапонија. Планирано е Бан Ки Мун да го посети регионот Фукошима, опустошен од нуклеарната катастрофа .
Утре генералнито секретар на ОН, треба да се сретне со луѓето кои го напуштија тој регион, по земјотресот и цунамито кои ја оштетија нуклеарната центала, по што луѓето беа принудени да избегаат. Околу 85 илјади луѓе од тој регион, се уште живеат во привремени засолништа.
Утре Бан Ки Мун ќе се сретне и со премиерот Наото Кан и министерот за надворешни работи Такеаки Мацумото.
Бан Ки Мун за во септември свика самит за нуклеарна безбедност во Њујорк .