Сириските сили продолжуваат со нападите врз демонстрантите

Сириските сили во Хама

Сириските војници денеска упаднале во градот Деир ел-Зоур, со што продолжуваат со насилните мерки за сузбивање на протестите против владата на претседателот Башар ал-Асад. Активистите за човекови права велат дека сириските трупи утринава, започнале напади на градот од сите четири страни, при што успеале да заземат осум населби. Експлозии и пукотници се слушале цело време велат очевидците.
Во меѓувреме, сириските сили ја затегаат и опсадата на градот Хама.
Нападите на сириските трупи продолжуваат и покрај барањето на генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, Асад да запре со користење на сили против цивилите во Сирија.