Групата Г-7 на состанок за економската криза

Претставници од групата на седум индустриски најразвиени земји во светот утре треба да одржат телефонска конференција за тоа како ќе постапат понатаму во услови кога неколку денови има нестабилност на пазарот, и како понатаму откако опадна кредитниот рејтинг на САД. Преставниците од Јапонија изјавиле дека е „нормално финансиските директори од Г-7 да се консултираат едни со други по телефон пред азиските пазари да реагираат на промената на кредитниот рејтинг на САД, бидејќи агенцијата „Стандард еден Пурс“, го намали рејтингот доцна во петокот.
Во меѓувреме, и Европската централна банка ќе одржи итен состанок за тоа дали во промет да пушти државни обврзници од Италија, која е последната и најголемата европската економија која се бори со својот буџетски дефицит во услови на криза.