Зaливските земји повикаа да прекинат насилствата во Сирија

протести во Хама

Советот за соработка на земјите од Заливот, денeска повика на „итен прекин“ на насилството во Сирија.
Активистите за човекови права велат дека во последните насилства владините сили убиле најмалку 22 луѓе во обид да ги задушат масовните протести низ целата земја.
Советот на Зaливските земји го сочинуваат Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Претходно западните земји повикаа да се стави крај на насилството.