Турција: грчкиот ров кај границата половично решение

Турција денеска оцени дека грчкото копање ров во близина на турската граница е половично решение кое може да ги продлабочи грчките финансиски проблеми. Грција копа ров од околу 120 километри кај границата со Турција за да спречи поплави, но и да ја запре илегалната имиграција. Атина, исто така, најави дека планира да подигне ограда од 12 ипол километри во таа област каде што од Турција влегуваат имигранти во Грција.