САД: поголем број работни места од очекуваното

Денешните податоци за порастот на стапката на вработеноста во Соединетите држави во минатиот месец поттикна заздравување на берзите и ја намали економската тревога во светот. Министерството за труд соопшти дека во јули биле отворени 117 илјади работни места, што е многу повеќе од очекуваното. ,,Она што сакам да им го порачам на американците и на нашите партнери во светот е дека ние ќе се справиме со кризата,, изјави денеска претседателот Барак Обама по објавувањето на податоците. Претходно во Брисел еврокомесарот за економски прашања Оли Рен упати апел за стрпливост, наведувајќи дека договорените мерки за финансиска стабилност на еврозоната ќе бидат финализирани во почетокот на идниот месец