Тачи: Приштина и КФОР се договорија

Меѓу косовската влада и КФОР е постигната согласност за зачувување на новонастаната ситуација на граничните премини на северот на Косово. Премиерот Хашим Тачи денеска изјави дека сите одлуки на владата во врска со премините остануваат на сила и оти станува збор за најголем успех од прогласувањето на независноста. Според договорот, сите патишта треба да бидат одблокирани, а за безбедноста на премините Јариње и Брњак и натаму ќе се грижи КФОР. Неименуван западен дипломат изјави дека никакви стоки нема да бидат пренесувани преку двата гранични пункта, додека Белград и Приштина не го обноват дијалогот во идниот месец. Србите на северот на Косово подигнаа барикади, откако косовската Влада и нареди на полицијата да ја преземе контрола врз двата гранични пункта.