Централна прослава на операцијата Бура во Книн

Книн

Хрватскиот премиер Јадранка Косор во говорот на централната прослава на Денот на победата и одбележувањето на 16 годишнината од операцијата „Бура“ во Книн ги поздрави генералите Анте Готовина и Младен Маркач, кои се обвинети за воени злосторства, додека шефот на државата Иво Јосиповиќ нагласи дека и врз Србите биле извршени злосторства. ,,Никогаш нема да прифатиме некој да се сомнева во нашите победи,, изјави Косор, додавајќи дека Хрватска водела одбранбена и оправдана војна против злосторничкиот потфат на Слободан Милошевиќ и неговите соработници.