Милчин најави тужба

Владимир Милчин денеска во писмена изјава до медиумите наведува дека во законски предвидениот рок ќе поднесе тужба до надлежниот суд со која ќе го оспори вчерашното решение на Комисијата за верификација на фактите со кое се констатира дека во минатото бил соработник со тајните служби. Решението од Комисијата за лустрација што му било врачено денеска, како што наведува, “е паушално, без никакви докази, со наводи намерно извртено интерпретирани и извадени од контекст.