Оли Рен апелира на трпение во врска со кризата во евро-зоната

На Италија и на Шпанија нема да им треба финансиска помош, но и двете земји мора да ги спроведат планираните реформи, изјави денеска евро-комесарот за економски прашања Оли Рен. На прес конференцијата во Брисел, Рен упети апел до инвеститорите на финансиските пазари да бидат стрпливи, нагласувајки дека договорените мерки за финансиска стабилност на евро-зоната ќе бидат финализирани во почетокот на наредниот месец.