Медведев го критикува американскиот Сенат

Рускиот претседател Дмитри Медведев

Рускиот претседател Дмитри Медведев го критикуваше американскиот Сенат за резолуцијата со која од Москва се бара да ги повлече руските војници од грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија. Медведев оцени дека резолуцијата ги рефлектира само ставовите на некои, како што изјави, сенилни членови на Сенатот. Русија по кратката војна со Грузија во 2008 година ги призна Абхазија и Јужна Осетија за независни држави. Медведев повтори дека се додека грузискиот претседател Михаел Саакашвили е на власт, Москва нема да ги обнови односите со Тбилиси.