САД бара зголемен притисок врз Сирија

Американскиот Државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон ќе побара од Европските, арапските и другите земји да направат повеќе за да ја притиснат Сирија да ја запре крвавата пресметка со продемократските протестанти. Клинтон истакна дека режимот на претседателот Башар ал Асад е одговорен за смртта на повеќе од 2 илјади луѓе, повторувајќи дека Вашингтон верува оти Асад го изгубил легитимитетот да владее со сирискиот народ. Извештаите од сирискиот град Хама говорат дека во нападите на армијата гинат десетици луѓе.