Либија- Исламистите негираат дека сакаат сојуз со Гадафи

либиски бунтовник

Преставник на либиските бунтовници денеска соопшти дека исламистите не планираат сојуз со семејството на Моамер Гадафи.
Синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам за „Њујорк тајмс“, изјави дека неговото семејство разговарало со исламистите и се договориле за формирање сојуз. Али Саљаби преставник на бунтовниците рече дека изјавите на Сеиф ал Ислам се „неосновани“, иако признава дека сепак имале разговор со синот на Гадафи.
Тој вели дека дел од бунтовниците се исламисти , но дека и тие се обединети во желбата да го соборат Гадафи и да се воспостави демократска влада.