Пожарите на Крф, подметнати

архива

Пожарот на грчкиот остров Крф во кој се уништи околу 130 хектари борова шума и маслинови насади, е подметнат, изјави денеска градоначалникот на главниот град на островот, Јанис Трепеклис.
Жариштето на пожарот кој во вторникот изби на 19 различни локации, укажува дека без сомнение се одговорни пироманите, рече Трепеклис.
Еден 31-годишен маж е уапсен и против него ќе биде покренато обвинение, откако признал дека подметнал еден од пожарите.