ОБСЕ го поддржува пописот во Албанија

Парламентот на Албанија

Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Еуген Волфарт го поддржува пописот на населението во Албанија врз основа на етничка и верска припадност.
Тој апелира за неопходност од попис на населението и побарал од граѓаните да бидат дел од тој процес.
Во меѓувреме движењето „Црвено црно“ чиј лидер е Крешник Спахиу, потпретседател на Високиот совет за правда на Албанија и најжесток противник на ваков попис, обвини дека „законот бил подготвен по инструкции на Грција“.
Парламент го изгласа Законот за попис на почетокот од минатиот месец, а деновиве истиот го потпиша и шефот на државата Бамир Топи.
Пописот во Албанија ќе биде спроведен во октовмри.