Судењето на соработниците на Мубарак одложено за 14 август

Судскиот процес се следи и на видео бимови

Судот во Каиро го одложи за на 14-ти август судењето на поранешниот египетски министер за внатрешни работи Хабиб ел-Адлу и на уште шест полициски службеници. Вчера започнa процесот против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и против неговите соработници, кои се обвинети за нарачување на убиства на стотици демонстранти за време на востанието со кое беше соборен Мубарак во февруари.
Тие се соочуваат со смртна казна ако бидат осудени.
Судењето на Мубарак и на неговите двајца синови, продолжува на 15-ти август.