И натаму барикади на северот на Косово

Србите на северот на Косово и во текот на изминатата ноќ биле на барикадите на патните правци кон граничните премини Брњак и Јариње. Договорот за пропушатење на возила на КФОР кои доставуваат храна, вода и гориво за базите на северот на Косово се почитувал. За денеска се најавени нови состаноци на претставници од Белград со косовските срби од неколку општини на Косово.