СБ на ОН со осуда за сириската влада

Сириските власти испратија тенкови против демонстрантите во градот Хама.

Советот за безбедност на ОН ја осуди сириската влада за крвавото задушување на антивладините протести и за кршење на човековите права. За да се усвои заедничка изјава на Советот за безбедност потребна е согласност од сите 15 земји-членки. Соседот и сојузник на Сирија, Либан, не спречи објавување на изјавата, но се огради од нејзината содржина.