Косово- и Јариње отворен за пренос на храна и лекови

преминот Јариње

КФОР денеска дозволија на преминот Јариње да се внесе храна и хуманитарни производи од централна Србија. Помошта може да се пренесува со патнички автомобили или со камиони со носивост до 3,5 тони. Сега храната и лекарствата можат да се внесат низ двата премина Брњак и Јариње, со што треба да се подобри снабдувањето со потребните артикли на граѓаните на северот од Косово.