Азербејџан- кампања за човекови права пред Евровизија

Преставниците на Азербејџан, победници на Евровизија 2011

Неколку азербејџански организации за човекови права започнаа кампања за подигање на свеста на луѓето за нивните права во пресрет на одржувањето на Евровизија 2012. Со кампањатa насловена „Песни за слобода во не-слободна земја„ се повикува Владата да ги ослободи политичките затвореници, да ја подобри слободата на медиумите и да ги укине ограничувањата за протести.
Организаторите на кампањата велат дека Азербејџан не треба да биде
само земја-домаќин на евросонгот, туку и да се престави како вистински член на европското семејство во кое се почитуваат демократските вредности.
Со кампањата сакале да им престават на учесниците на Евровизија, каква е состојбата со човековите права во Азербејџан.