Богов: Продолжуваат поволните макроекономски движења

Гувернерот Димитар Богов.

Раст на бруто домашниот производ од 3,5 отсто и инфлација до максимум 4,5 проценти се очекувањата на Народната банка за 2011 година, соопшти денеска гувернерот Димитар Богов.
Тој изјава и дека продолжуваат поволните макроекономски движења, а основната каматна стапка останува непроменета.
Според првичните проценки, Македонија во вториот квартал остварила 4,3 отсто економски раст наспроти очекуваните 3,3 проценти.