Преставник на ОН за човекови права бара дозвола за влез во Иран

Ахмед Шахед

Новонаименуваниoт специјален преставник на ОН за човекови права, задолжен за Иран, денеска побара Техеран да му дозволи да ја посети земјата, за да се истражат случаите со кршење на човековите права.
Ахмед Шахед, кој е поранешен министер за надворешни работи на Малдиви, ја презеде функцијата исвестител за Иран на 1 август годинава. Тој исто така побара да се сретне со иранскиот амбасадор во ОН во Женева, и со активистите за човекови права.Советот за човекови права на ОН изгласа да се формира тело кое ќе известува за човековите права во Иран.