Судењето на Мубарак продолжува на 15 август

Мубарак за време на судењето

Судењето на поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак и на неговите двајца синови е одложено за на 15 август. А судењето на соработникот на Мубарак, поранешниот министер за внатрешни работи и на уште шестмина други обвинети ќе продолжи утре.
На Мубарак и на неговите соработници им се суди за обвинувања за корупција и за наредување убиства на демонстранти за време на протестите во февруари. Денеска во Каиро беше одржано првото рочиште.
Мубарак беше донесен во болнички кревет. Тој се изјасни дека не е виновен за ниту едно обвинение.