Еуримаж ги стопира парите за кино- дистрибутерите во Македонија

Европскиот филмски фонд Еуримаж ја стопирал исплатата за сите дистрибутери од Македонија, вклучувајќи ги и тие што не се спорни, по разоткривањето на злоупотребата на европски пари што неколку дистрибутери ги зеле за прикажување филмови во Македонија, а не ја исполниле обврската, информираше директорот на Филмскиот фонд Дарко Башески. Еуромаж сега ќе спроведува ревизија за да утврди кој ги злоупотребил европските пари.
Од 13 диструбутери што добиле пари од Еуримаж, четири не работеле законски. Проневерени се над 200 илјади евра. Околу 170 илјади евра проневерил сопственик на две дистрибутерски куќи од Србија („Балкан филм“ и „Арена филм“) кој имал најмногу апликации за дистрибуција на филмови преку Еуримаж. Пари за неприкажани филмови зеле и „Медија фактори“ и „Еурофилм“. Нив ги одобрувал Башески, во доверба и без да следи дали ги исполнуват обврските