Српските преставници без одобрение не смеат во Косово

Српскиот преговарач во преговорите со Косово, Борислав Стефановиќ

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави денеска дека српските официјални лица можат да дојдат на Косово само доколку барањето за доаѓање го одобрат косовските власти и дека во спротивно им се закануваат апсење и депортација.

Процедурата е јасна, секој српски официјален претставник, кој сака да допатува мора да испрати барање до специјалниот пратеник на Европската унија, кој тоа барање го проследува до косовската Влада, а потоа ние одлучуваме за тоа дали тоа барање ќе биде прифатено или одбиено, вели Реџепи.

Тој оцени дека ситуацијата во северно Косово генерално е под контрола, но дека на патиштата кои водат кон Јариње и Брњак и натаму има барикади, а КФОР во меѓувреме отстранил некои од нив.