Рекордно високи камати за позајмување пари за Италија и Шпанија

Каматите по кои Италија позајмува пари на глобалните пазари достигна рекордно ниво во услови кога постои страв дека должничката криза може да се прошири во третата по големина економија во еврозоната. Премиерот Силвио Берлускони ќе се обрати денеска пред Парламентот за да зборува за состојбата на економијата. А италијанскиот министер за економија ќе одржи итен состанок со претседателот на еврозоната Жан-Клод Јункер. Трошоците за позајмување на Шпанија, исто така, се искачија на рекордно ниво, принудувајќи го премиерот Хозе Луис Родригез Запатеро да го одложи својот годишен одмор и да се врати да ја следи состојбата со економијата.