САД го поддржуваат суверенитот на Косово

Томас Кантримен

Заменик помошникот на американскиот државен секретар Томас Кантримен синоќа во Приштина изјави дека Соединетите држави го поддржуваат суверенитот на Косово и ги критикуваше изјавите од Белград за евентуална поделба. ,,Соединетите држави се против поделбата на Косово и за тоа нема да се разговара,, рече Кантримен за Радио телевизија Косово. Тој исто така ја критикуваше и косовската влада за тоа што акцијата на северот на земјата ја презеде без претходни консултации.