Пристигнува засилувањето на КФОР

Околу 700 војници од базата на НАТО во Германија денеска ќе им се придружат на силите на КФОР на Косово. ,,Командантот на КФОР Ерхард Билер, врз основа на проценката за безбедносната состојба, побара засилување,, соопшти Командатата на НАТО, наведувајќи дека целта е спречување секаков вид насилство на Косово.